Author: Author 03

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред Н.С, Сопот од 21.00 ч се одвива по една коловозна лента (десна). Како што велат, тоа е поради поголем одрон во должина од 80 метри, објави 4news.mk

Повеќе

Осум скијачи го загубија животот, а едно лице се води како исчезнато по разорната лавина што го погоди планинскиот предел во Северна Калифорнија. Трагедијата се случила во вторникот околу пладне, во областа Касл Пик кај градот Траки, соопштија локалните власти. Групата од вкупно 15 скијачи била на враќање од тридневно скијање надвор од означените патеки, во организација на компанијата „Блекберд Маунтин Гајдс“. Силната лавина ги изненадила додека се движеле низ тешкиот терен, при што дел од групата останал затрупан под снежните маси. Предупредувања и временски услови Регионот на Сиера Невада оваа недела беше под влијание на силна бура со обилни…

Повеќе

Венецуела годинава би можела да го зголеми производството на нафта за 30 до 40 отсто, изјави денеска американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, наведувајќи дека постои голем интерес кај меѓународните компании за инвестирање во оваа јужноамериканска земја. Според него, таквиот раст би значел дополнителни 300.000 до 400.000 барели дневно, што би претставувало приближно една третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026 година. Рајт ја изнесе оваа проценка за време на министерскиот состанок на Меѓународната агенција за енергија во Париз, пренесува „Блумберг“. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно одобри лиценци за одредени западни енергетски фирми за…

Повеќе

Целата денешна изјава на Мицкоски беше обвиткана во лоша порака, дека ако се случи несреќа, ако падне авионот, сите ќе сфатиме и ќе жалиме, па тогаш ќе разбереме што сакал да каже премиерот. Како може премиер така да зборува? Наместо јасни одговори, не слушнавме објаснување дали авионот бил користен за приватни цели. Молк. Молк за ова, молк за тоа, молк за аферите, молк за криминалите. Седум тони дрога ја потресуваат државата и регионот, а 17 дена од власта нема одговор“, истакна Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ, во дебатната емисија „Само вистина“. Тој остро го критикуваше однесувањето на Владата…

Повеќе

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДС за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат стабилност, предвидливост и економски напредок. „СДС се служат со манипулации со невистинити во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледал прес-конференцијата ќе знаел кои се причините, зошто…

Повеќе

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.  „Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и…

Повеќе

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на денешната средба со својот кубански колега Бруно Родригез во Москва, упати остар апел до Соединетите Американски Држави да се воздржат од воведување на целосна поморска блокада на Куба. Лавров ја нарече Куба „братска нација“ и истакна дека Русија категорично ги отфрла обвинувањата дека нивната меѓусебна соработка претставува каква било закана за интересите на САД. Тој нагласи дека сите разлики меѓу Вашингтон и Хавана мора да се решаваат преку дијалог со меѓусебно почитување, додавајќи дека Русија прави сè што е во нејзина моќ да и помогне на Куба да го надмине…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. „Денес покажуваме дека нашето стратешко партнерство со САД е на одлично ниво. Упатувам огромна благодарност на целиот тим на американската амбасада во Македонија. Нивната лична заложба креира додадена вредност да ја обезбедиме оваа значајна опрема…

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината. Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски. “Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто…

Повеќе

Денеска во Фонд за здравствено осигурување на Македонија се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство. На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Ljubisha Karanfilovski од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство. Во следниот период ќе се прават финансикси анализи, врз основа на кои ќе продолжи дијалогот, информираше на социјалната мрежа ФБ, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски. На средбата се потсетивме за потребите утврдување на репрезентативност на синдикатите во здравство, нов колективен договор за здравство, справување со тужби на вработени против јавните здравствени…

Повеќе