Author: Author 03

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска ги повика Полјаците во ниту еден случај да не патуваат во Иран, а тие што се таму под итно да заминат од Исламската Република, бидејќи многу реално е дека ќе избие конфликт. – Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам, сфатете го сериозно. Претходните искуства покажуваат дека некои ги игнорирале ваквите апели, посочи Туск, кој заедно со министерот за одбрана присуствуваше на тестирањето на нови вооружени системи во…

Повеќе

Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, изјави на денешната прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ. Вчера имавме доказ пред граѓаните јавно на една дебата на реновирана телевизиска куќа дека Мицковски го контролира судството. Портпаролката на владата има податоци за мојот процес против МНР, процес којшто сеуште не е завршен. Она имаше податоци за тоа каква…

Повеќе

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Зоран Миљаниќ. На средбата беа потврдени пријателските македонско-црногорски односи помеѓу двете држави кои се базирани на традиционално пријателство, долгогодишна конструктивна соработка и меѓусебна поддршка. Соговорниците ја истакнаа важноста од понатамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во области од заемен интерес. Исто така, беше потенцирана заедничката заложба на земјите кон полноправно членство во Европската Унија, како и подготвеноста за продлабочување на парламентарната соработка и размена на искуства во насока на спроведување на реформските процеси.

Повеќе

Денес сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски. И затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме што е разликата помеѓу нас и останатите. Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени. Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид.…

Повеќе

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството, велат од Владата. Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост…

Повеќе

Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти.  Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо…

Повеќе

Популарната платформа за комуникација „Телеграм“ (Telegram) излезе со демант на тврдењата кои доаѓаат од руски официјални претставници, според кои нивните безбедносни служби имаат целосен пристап до приватните пораки на корисниците. Платформата ги нарече овие наводи „намерна дезинформација“. Безбедноста на корисниците е приоритет Од компанијата нагласуваат дека нивната заштита и енкрипција остануваат непробиени. Тие тврдат дека ширењето на ваквите гласини има за цел да внесе несигурност кај корисниците, особено во контекст на затегнатите политички односи. Континуиран притисок врз платформата Овој судир е само последен во низата обиди на Москва да воспостави контрола врз дигиталните канали. Телеграм, кој е познат по својата…

Повеќе

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет. „Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот…

Повеќе

Вилата Ловќенка, резиденцијата на доживотниот претседател на поранешната СФРЈ, Јосип Броз Тито, се наоѓа во рамките на Општата болница во Мељине, а сега еден долгогодишен готвач откри голема тајна. Неодамна, на социјалните мрежи кружат фотографии од неговото распаѓање, кои покажуваат колку сега е запоставена и заборавена оваа некогаш луксузна резиденција на Тито . Оваа луксузна вила со четири стана е изградена во почетокот на 1980-тите, истовремено со Вила Галеб, која служела како втора резиденција на Тито. Иако Јосип Броз Тито никогаш не престојувал во Вила Ловќенка, таа била домаќин на седници на Врховниот совет за одбрана на СФРЈ, подоцна СРЈ, и служела…

Повеќе

Голема безбедносна операција со учество на околу 80 пожарникари се одвиваше во вторникот во зградата на германскиот парламент во Берлин. Алармот за опасни материи активираше итни мерки, вклучувајќи деконтаминација и пренасочување на сообраќајот во срцето на германската престолнина. Итна интервенција и мерки за претпазливост Откако се вклучил детекторот за гас во објектот, противпожарните служби веднаш излегле на терен. Како дел од стандардните протоколи за вакви ситуации: Иако првично постоеше страв од сериозен инцидент, првичните информации сугерираат дека причината можеби е помалку опасна отколку што се претпоставуваше. „Веројатно е дека протекла мала количина опасен материјал. Причината за алармот сè уште се…

Повеќе