- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 03
Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) откри и следеше група руски воени авиони кои оперирале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ), во непосредна близина на американскиот брег. Според военото соопштение, руската формација била составена од два стратешки бомбардери Ту-95, два ловци Су-35 и авион за рано предупредување А-50. Како одговор на ова движење, NORAD активираше соодветни воздухопловни сили, вклучувајќи по два ловци од типовите Ф-16 и Ф-35, поддржани од авион за рано предупредување Е-3 и четири танкери за полнење гориво во воздух. Целта на американско-канадската операција беше пресретнување и континуирано следење на руските летала сè додека…
Технолошкиот гигант Meta официјално потврди дека ја затвора самостојната веб-страница на Messenger (messenger.com). Од април годинава, страницата ќе престане да функционира, а корисниците кои претпочитаат да комуницираат преку компјутер ќе бидат принудени да го прават тоа директно преку главната платформа на Facebook. Според информациите од центарот за помош на Meta, сите корисници кои ќе се обидат да пристапат до messenger.com по нејзиното гасење, автоматски ќе бидат пренасочени кон делот за пораки на Facebook. Историјата на разговорите ќе остане достапна, а корисниците ќе можат да ја вратат со внесување на својот ПИН-код, кој служи за резервна копија на податоците. Оваа одлука…
Силно невреме проследено со поројни дождови, грмотевици и олуен јужен ветер повторно го зафати далматинскиот брег. Под влијание на циклонот над Јадранското Море, регистрирана е силна циклонска плима која предизвика морето забрзано да се крева и да навлегува во крајбрежните населени места. Најкритична е состојбата во Каштела, Сплит и Трогир, каде нивото на морето е за околу 60 сантиметри над просекот. Најголемиот бран на невремето се случи во текот на ноќта, а особено погоден беше долно-каштеланскиот брег. Во Каштел Нови и кај плажата Габине водата веќе навлезе на патиштата и во пристаништата, принудувајќи ги жителите да поставуваат импровизирани брани од…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики по повод апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор, нарекувајќи го целиот настан „срам“ и „многу тажен“ за британското кралско семејство. Во изјава за новинарите за време на неговото патување кон државата Џорџија, Трамп изрази жалење за ситуацијата во која се наоѓа братот на британскиот монарх. Претседателот на САД искористи прилика да го пофали кралот Чарлс Трети, опишувајќи го како „фантастичен човек“ и откри дека британскиот суверен многу скоро ќе ги посети Соединетите Американски Држави. Според Трамп, актуелните случувања се исклучително лоши за имиџот на монархијата, особено во пресрет на вакви значајни меѓународни посети. Ендру беше…
Ендру Маунтбатен-Виндзор е ослободен од притвор по речиси 12-часовно испитување во полициската станица во Норфолк. Поранешниот принц беше приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција и злоупотреба на службената должност, поврзани со неговите релации со покојниот финансиер Џефри Епстин. Иако е пуштен на слобода, полицијата потврди дека истрагата против него продолжува со полн интензитет. Обвинувањата се однесуваат на периодот кога Ендру служел како специјален трговски пратеник на Велика Британија. Според документи објавени од американското Министерство за правда, тој наводно споделувал чувствителни и доверливи информации со Епстин. Меѓу спорните материјали се извештаи од официјални посети на Хонг Конг, Виетнам…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани. 🚨President Trump says he may declassify the alien files, Obama revealed classified informationDoocy: “Barack Obama said aliens are real. Have you seen any evidence of non-human visitors to Earth?”Trump: “He gave classified information. He’s not supposed to…
Речиси половина милион овци и кози, односно точно 479.821 грла добиток, се умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради ширење на сипаницата. Според официјалните податоци од грчкото Министерство за земјоделство и Националната научна комисија, во овој период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Само во последната недела од извештајот се регистрирани 11 нови случаи во седум различни региони. Од надлежното министерство нагласуваат дека почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува единствениот начин за ограничување на болеста. „Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од…
Британската монархија се соочува со досега невидена криза. Поранешниот принц Ендру, кој веќе подолго време е во центарот на скандалите поврзани со Џефри Епстин, стана првиот висок член на кралското семејство во модерната историја кој е уапсен. Паралелно со правните проблеми, медиумите пренесуваат дека тој е и првиот член кој бил целосно изоставен од тестаментот на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора. Кралското семејство се дистанцира Додека правниот притисок расте, Бакингемската палата зазеде остар став. Принцот Вилијам и принцезата Кетрин јавно изразија загриженост за новите откритија и содржината на досиејата поврзани со случајот Епстин. „Можам да потврдам дека принцот и…
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство. Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство, велат од МЗШВ.
Нова градинка за 200 деца се гради во Бутел и е речиси во завршна фаза, но без точни информации кога ќе биде завршена и кога првите дечиња же бдат згрижени во неа. Денеска, на увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2 беа градоначалникот Дарко Костовски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковск – Градежните активности напредуваат со одлична динамика и се во завршна фаза. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот…
