Author: Author 03

Министерот за правда, г. Филков, со својата изјава дека правосудниот испит нема да се полага на албански јазик, туку само на македонски, директно ги става под прашање уставниот поредок и Законот за употреба на јазиците. Да се прогласи прашањето за „затворено“, кога станува збор за уставно загарантирано право, претставува преседан без пример. Уставот и Законот за употреба на јазиците јасно утврдуваат дека албанскиот јазик е уставна и законска категорија, која мора да се почитува во сите институционални постапки, вклучително и во оние поврзани со правосудството. Секое отстапување од оваа обврска е директно прекршување на позитивното право. Кога еден министер си…

Повеќе

По серијата лажни дојави за поставени експлозивни направи кои два дена го парализираа образовниот процес во Тетово, локалната самоуправа воведува нови насоки за постапување. Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Крај за предвременото одење дома Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата, објави 4news.mk Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора да ги чекаат официјалните инструкции на терен. Евакуација во дворот: По добиена дојава, МВР ќе спроведе евакуација на објектот, но…

Повеќе

Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го користат јавниот превоз. -Во однос на комуникацијата и соработката меѓу приватните превозници, ЈСП – Скопје и Градот Скопје, особено во финансискиот сегмент, сакаме да потенцираме дека состојбата е значително подобрена во споредба…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на средбата со дипломираните студенти на Високата школа за јавна администрација, упати силна порака до Западот и сите оние кои ја сметаат Русија за противник. Според него, обидите за стратешки пораз на земјата се осудени на неуспех поради внатрешната кохезија и воениот капацитет на државата. Путин потенцираше дека Русија поминува низ пресвртна точка во својата историја, но дека токму во вакви времиња се покажува вистинската сила на нацијата. „Непријателот не може да нè победи“ Рускиот лидер беше директен во својата оценка за моменталната глобална ситуација и притисоците со кои се соочува неговата земја: „Непријателот…

Повеќе

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за претрпени физички болки и страв, откако бил нападнат од мечка, пренесува „Слободен печат“. Инцидентот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од нива кон својот дом. Без провокација бил нападнат од мечката, која го гризнала. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и со нагмечувања на дланките и натколеницата. По настанот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повредите, а примил и вакцина против беснило. Поради последиците од нападот, побарал и психијатриска помош. Според…

Повеќе

Министерот Игор Филков нека не се прави како да не е од тука.Тој е дел од циркусот, од режираното сценарио на криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ. Филков многу добро знае:  За договореното сценарио за враќање на Груби. Вака реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите. „За дилот меѓу ВМРО и ДУИ кое се реализира пред очите на јавноста. За контролата врз судството и обвинителството од страна на нивната тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ. За менувањето на јавниот обвинител за да се инсталира нов под контрола на власта. За сопругата на екс градоначалник на ВМРО која ја назначија…

Повеќе

Најмоќниот и технолошки најнапредниот носач на авиони во светот, USS Gerald R. Ford (CVN-78), вплови во заливот Суда на грчкиот остров Крит. Оваа стратешка посета доаѓа во време на исклучително високи тензии на Блискиот Исток и претставува јасен сигнал за американското воено присуство во Источниот Медитеран. Носачот, кој е вистински „пловечки град“ со екипаж од над 5.000 луѓе, пристигна на Крит за снабдување и куса пауза пред да продолжи кон својата крајна дестинација. Се очекува бродот да остане во Суда четири дена, по што ќе се упати кон бреговите на Израел, каде што може да стигне за помалку од 24…

Повеќе

27-годишен жител на Тетово ќе одговара за две кривични дела откако во јануари на јавно место бил агресивен кон неговата сестра, а потоа во угостителски објект нападнал полицајци, соопшти МВР. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, се вели во полициското соопштение.

Повеќе

Од понеделник, ден после Прочка, почнува Велигденскиот пост посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден, но се нарекува Четириесетница, затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица. Постот е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија. Велигденскиот пост започнал од две причини и…

Повеќе

1 март се очекува како момент што носи силен енергетски пресврт. Планетарните аспекти на почетокот на месецот го поместуваат фокусот од стагнација и исчекување кон конкретни резултати, особено во сферата на финансиите и материјалната стабилност. Ова е периодот кога претходните напори, трпеливоста и стратешките одлуки конечно можат да се претворат во опипливи добивки. Астролошките енергии на овој транзит нагласуваат важна порака, парите ретко доаѓаат како обична случајност. Март им ја отвора вратата на оние кои поминале месеци градејќи ги темелите, инвестирајќи време и енергија во своите цели, дури и кога резултатите не биле веднаш видливи. Точно два знака влегуваат во…

Повеќе