Author: Author 01

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Лукровски се осврна на актуелните предизвици поврзани со урбанизацијата и недостигот од паркинг места во општината. Лукровски нагласи дека развојот на општините е неопходен, но треба да се спроведува плански, хумано и само таму каде што постои простор за нови градби, а проблемот со паркирањето, Лукровски потенцираше дека веќе се работи на изготвување план кој ќе понуди трајно и системско решение. ,,Потреба да се гради има и треба да се гради. Треба општините да се развиваат, комуналиите доаѓаат, егзистенцијата на…

Повеќе

Во Франција, за денеска се најавени 250 собири по повод Денот на социјалната мобилизација, а според француските медиуми се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти низ целата земја. Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, се очекува да протестираат во Париз помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе. Синдикатите најавија масовен одѕив на просветни работници, студенти, транспортни работници, таксисти и работници во индустријата, додека речиси 80.000 полицајци ќе бидат распоредени за да обезбедат јавен ред и да спречат немири. Францускиот министер за внатрешни работи, Бруно Рејтајо, рано утрово, извести за „обид за блокади“ во парискиот регион, особено автобуските станици во Обервилие…

Повеќе

Под контрола се уште се пожарите кај селото Трубарево и депонијата Дрисла, соопшти утринава Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, на територија на цела држава изминатото деноноќие имало вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола. Активни се пожарите во село Виниче во општина Гази Баба, кај селото Петрово на Кожуф планина и кај селото Вражале во општина Зелениково.

Повеќе

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово е при крај и не станува збор за неисполнето ветување, туку за процес што е започнат и е при крај. „Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе

Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку помалку поволен за Хрватска од сегашниот начин на управување со нуклеарната централа, во која секоја страна има 50 проценти удел. Според словенечкиот предлог, на кој Хрватска треба да одговори до крајот на септември, најдоцна до почетокот на октомври, на Хрватска ѝ се нуди само една четвртина од сосопственоста во идната нуклеарна централа и дека без право на одлучување, другата четвртина би ѝ била дадена на словенечката државна електроенергетска компанија ГЕН, додека словенечката влада би имала 51 процент од сопственоста на…

Повеќе

Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во наредните денови следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во…

Повеќе

Со мерката „училишната кошничка“ која заврши на 15 септември, заштедата за двајца ученици е околу 3.000 денари, соопшти денеска од Куманово, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој најави дека во петок ќе достават известување до Владата со конечните сознанија за мерката. „Училишната кошничка“ како мерка почна од 15 август и траеше до 15 септември, годинава. „Мерката беше одлична можност за сите ученици пред сè за родителите на учениците и студентите, бидејќи студентската година почнува. Мислам дека имаа одлична можност на сите пунктови каде што се набавуваат училишни материјали да ги купат по поевтини цени, она што беше предвидено…

Повеќе

Првиот заменик претседател на Владата и кандидат на коалицијата Влен за  градоначалник на Oпштина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со играчите и  раководството на кошаркарскиот клуб Чаир 2030, една од најуспешните  спортски приказни на локално ниво во последната деценија, се вели во соопштението ПР-тимот на Меџити, кое го пренесуваме интегрално. Овој клуб, кој започна од мала група ентузијасти, денес се натпреварува  во Суперлигата на Македонија, достојно претставувајќи ја општината и инспирирајќи ги младите генерации. „Чаир има богата спортска историја. Време е оваа историја да се поддржи  со институционална посветеност, бидејќи спортот не е само игра, тоа е едукација, карактер, здравје и гордост,”…

Повеќе

Велика Британија овој викенд формално ќе ја признае палестинската држава, објави весникот Тајмс. Британскиот премиерот Кеир Стармер уште во јули предупреди дека ќе преземе акција доколку Израел не преземе чекори за ублажување на страдањата во Газа и не постигне примирје во речиси двегодишната војна со Хамас. Израел смета дека признавањето на палестинската држава – што Франција, Канада и Австралија исто така најавија дека ќе го направат овој месец – би било награда за Хамас. Според Тајмс, Велика Британија ќе ја објави одлуката откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши својата посета на земјата во четврток. Британското Министерство за надворешни работи…

Повеќе