Арсовска: Потребни се системски, а не ад-хок решенија кои само наштетуваат

Во овој момент сметаме дека институциите треба да се фокусираат на минимизирање на ефектите од пандемијата, да се работи кон тоа да се изготват соодветни мерки кои што од една страна ќе го намалат бројот на заразени, бројот на лица кои што ќе бидат ефектуирани, а од друга страна да се минимизираат ефектите кои што овие бројки ги имаат врз стопанството и врз економијата, истакна денеска претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска во гостувањето на „Топ Тема“.

Вели дека доколу се праша кој било граѓанин или стопанственик дали постои оптимизам, тогаш одговорот би бил оти не постои оптимизам дека работите ќе се средат бидејќи економијата е во пад. Потенцира дека за да се стабилизира ситуацијата треба да носи системски, а не ад хок решенија кои само наштетуваат.

-Потребен е систем, без систем во оваа државапосебно во ваква ситуација не можеме ништо да правиме. Нити може да очекуваме дека ќе имаме неселктивно правосудство, нити неселективна примена на законите, нити пак дека законите ќе важат за сите, нити пак ќе може институциите да го практицираат правото врз сите оние кои што го загрозуваат правото, а во овој случај Буџетот на Република Македонија, појасни Арсовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега