Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Македонија го трансформира пристапот кон иновациите, од фрагментиран систем во интегриран

    Андоновски: Македонија го трансформира пристапот кон иновациите, од фрагментиран систем во интегриран

    21.10.2025 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на панелот посветен на вештачка интелигенција и иновации во рамки на министерскиот состанок за земјите од Западен Балкан, организиран од Европската комисија и еврокомесарката Екатерина Захариева.

    Во своето обраќање, министерот Андоновски порача дека Македонија го трансформира пристапот кон иновациите, од фрагментиран систем во интегриран, ефективен и европски усогласен модел. Тој го претстави INOVA, националниот механизам за иновации и претприемништво, кој обединува три министерства – за дигитална трансформација, економија и образование – во една унифицирана структура што овозможува реални резултати на терен.

    „Иновацијата веќе не е само технолошко прашање – таа е економско, општествено и стратешко прашање. Со INOVA, обезбедуваме кохерентност, интеграција и инклузивност на сите нивоа,“ изјави Андоновски.

    Како дел од новата инфраструктура, беше истакнат и INNOFEIT EDIH – првиот Европски центар за дигитални иновации во Македонија, кој преку Програмата Дигитална Европа обезбедува поддршка за мали и средни претпријатија во форма на пристап до капацитети за вештачка интелигенција, дигитални близнаци, менторство и обука.

    Посебен акцент беше ставен на новата Национална фабрика за вештачка интелигенција – ВЕЗИЛКА, финансирана преку програмите Horizon Europe и EuroHPC, која ја поврзува Македонија со европската AI мрежа, вклучувајќи пристап до суперкомпјутери, заеднички податочни простори и обуки за клучни сектори.

    „Како што рече претседателката фон дер Лајен – ‘иднината на вештачката интелигенција треба да се создаде во Европа’. Од Скопје, би додал – ‘понекогаш таа иднина треба да се создаде токму тука, дома – но со Европа како наш партнер и со европските вредности како наш водич’,“ заклучи Андоновски.

    Настанот собра министри и високи претставници од земјите од Западен Балкан и ЕУ, кои дискутираа за регионалната и европската соработка во полето на дигиталната трансформација, иновациите и примената на вештачката интелигенција.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.