Американскиот секретар за одбрана: Не веруваме дека Путин сака да го нападне НАТО

САД не веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да влезе во воен конфликт со НАТО, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Земајќи ги предвид пресметките на Путин, моето мислење е дека Русија не сака да го нападне НАТО“, рече Остин за време на неговото обраќање во Конгресот, пренесува Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана рече дека Москва не ги постигнала своите цели ниту три месеци по почетокот на конфликтот.

11.05.2022 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега