Алкалоид нов клуб на македонската ракометна сцена

Македонската ракометна сцена од денес е побогата за уште еден клуб. Нов член на Првата лига е РК Алкалоид. Главен спонзор на клубот кој ќе се потпира на млади и талентирани играчи ќе биде фармацевтската компанија Алкалоид.

– Наша цел е настап во Првата лига каде се кали челикот кога се работи за млади ракометари. Сакаме овие играчи да ги насочиме на вистински пат преку правилна работа со нив и соодветни услови. Тоа е и нашата цел како компанија, чии основни начела за професионален пристап во операциите, што ќе се пренесе и во овој клуб, изјави првиот човек на компанијата Алкалиод и на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Раководството на РК Алкалоид договори соработката со КЛ7, брендот на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.

– Чест ми е што сум дел од овој проект кој е за доброто на македонскиот ракомет. Ќе се трудиме да изградиме македонски ракометари кои во иднина ќе бидат дел од репрезентацијата. Целта е на младите играчи да имаат квалитетен тренинг и квалитетна тренерска работа, истакна Лазаров.

 

За претседател на РК Алкалоид е назначен Горан Минов, поранешен ракометар.

07.07.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега