Акција на полицијата: Уапсени 26 жени во угостителски објект во тетовско

При акција на полицијата вчера во угостителски објект во тетовско уапсени биле 26 женим информира МВР.

-На 12/13.09.2020 во времето од 22:30 до 02:00 часот по полноќ, при акциска контрола од полициски службеници од СВР-Тетово, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово - Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две државјанки на РСМ, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие биле приведени. Исто така и кај едно женско лице од Р.Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од село Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово. Во угостителски објект во село Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега