Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска
кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата,
во нотификацијата наведено е маслото ARA.
Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.
Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.
Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба
навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата.
Актуелно
- Сеќавање на 7.144 македонски Евреи: МНР го одбележа Меѓународниот ден на Холокаустот
- Шпанско искуство за македонската екологија: Министерот Хоџа и амбасадорот Ортиз договорија засилена соработка
- Ноќна драма на Бит Пазар: Приведена 28-годишна скопјанка, нападнала полицајци додека биле на должност
- Инспекторите прават чистка во Струмица: Паднаа казни од по 250 евра за палење отпад, полицијата одзеде 31 килограм бакар
- Семејна драма во Гостивар: Татко со нож се обидел да го нападне синот
- Ужас во Делчево: Со денови ја тепал и малтретирал сопругата, полицијата поднесе кривична пријава
- Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот
- АХВ со итно предупредување: Се повлекува небезбедна бебешка храна „Аптамил“ од Македонија

