Ахмети: И една година да трае владата на Заев, имаме премиер Албанец

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека дури и да трае оваа Влада една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе имаме премиер Албанец кој ќе биде предложен од страна на ДУИ.

-И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ, рече Ахмети.

Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, додаде тој, макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега