Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: ГТЦ ќе стане седиште на градската администрација, Стартап Хаб и зелена градина

    Трајановски: ГТЦ ќе стане седиште на градската администрација, Стартап Хаб и зелена градина

    05.10.2025 во 13:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот трговски центар во ново седиште на градската администрација и современ хаб за младите и културата, наведува Коалицијата „Искуство за успех“ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

    „ГТЦ е симбол на Скопје, за да го зачуваме и заштитиме, мора да добие своја пренамена. Ќе добие нова улога – ќе биде функционален дом на институциите на Градот, достапен и ефикасен за граѓаните, но и ново срце на младите, иновацијата и културата.“ изјави Трајановски.

    Во оваа визија и решение се предвидува, покрај градските институции, ГТЦ да стане и модерен простор наменет за младите, иновативноста, претприемништвото, зачувувањето на занаетите и нова поголема еколошка зона.

    Скопски Хаб на Иновативност и Стартап центар

    Во ГТЦ ќе биде воспоставен Скопски Хаб на Иновативност и Скопје Стартап Хаб, каде младите ќе развиваат свои идеи, ќе добиваат менторство и обуки, и ќе започнуваат нови бизниси. Ова ќе биде место каде Скопје ќе произведува решенија за сопствените предизвици и ќе креира иднина за младите генерации.

    Културно и занаетчиско јадро

    Освен административниот и стартап дел, во ГТЦ ќе има и простор за култура и традиција:

    · галерии за музичка и ликовна уметност,

    · изложбени простори за млади автори,

    · ателјеа за занаети во изумирање, кои ќе добијат нов живот во модерна форма.

    Зелена градина на покривот

    Наместо сегашната мала градина, целиот покрив на ГТЦ ќе биде претворен во голема зелена градина, нова градска оаза во срцето на Скопје. Тоа ќе биде место за одмор, културни настани и урбано зеленило, со засадени дрвја, предвидени модерни седечки позиции и простор за младите и семејствата. Новата покривна градина ќе обезбеди дополнителна енергетска ефикасност, подобрување на квалитетот на воздухот и современ изглед на објектот, кој повторно ќе стане симбол на модерно и зелено Скопје.

    „Со овој проект, ГТЦ ќе го претвориме во уникатен градски центар кој ги спојува администрацијата, иновацијата, културата, традицијата и екологијата. Ова ќе биде Скопје кое инспирира, мотивира и им припаѓа на своите граѓани,“ порача Трајановски.

    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.