Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК го утврди изгледот на гласачките ливчиња и усвои прирачник за евидентирање на резултатите

    ДИК го утврди изгледот на гласачките ливчиња и усвои прирачник за евидентирање на резултатите

    03.10.2025 во 13:244 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната изборна комисија денеска на 139. седница ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче за претстојните локални избори.

    Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласачкото ливче за градоначалник содржи назив на гласачкото ливче, број на гласачкото ливче, место и општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната евиденција.

    Кондарко додаде дека делот од гласачкото ливче, кој останува на кочанот, на блокот содржи сериски број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место.

    -Серискиот број не стои на самото гласачко ливче, тој останува на блокот, на кочанот, така што да нема забуни ниту едно гласачко ливче не може од никого да биде идентификувано според сериски број, додаде Кондарко и појасни дека на крајот на гласачкото ливче за избор на градоначалник се содржи и името на општината, односно Градот Скопје за кој се врши изборот.

    Гласачкото ливче за членови на советите содржи назив на гласачко ливче, број на место и назив на општина, реден број и симбол доколку го има на подносителот на листата, име и презиме на носителот на листата, врз основа на податоците од матичната евиденција. Исто така делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот на блокот ги содржи серискиот број на гласачкото ливче, општината и бројот на гласачкото место. Во називот на гласачкото ливче за избор на членови на Совет се содржи и името на општината, односно Градот Скопје за кој се врши изборот.

    Членовите на ДИК денеска го усвоија и  Предлог прирачникот за пополнување записниците за образецот број 16. Кондарко појасни дека станува збор за засписниците од избирачките одбори, а прирачникот служи за појаснување, прецизирање и поедноставување на работата на избирачките одбори во гласачкото место при утврдување на резултатите од гласањето.

    Членот на ДИК, Дитмире Шеху истакна дека самиот записник број 16 претставува основен и најважен документ за евидентирање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на секое гласачко место.

    -Овој записник го пополнуваат избирачките одбори по завршувањето на гласањето и броењето на гласовите. Тука на детален начин се наброени сите делови од записникот како се пополнува, правата на избирачките одбори, правата на овластените претставници на самото избирачко место и сметаме дека ќе им биде од корист на избирачките одбори, рече Шеху и додаде дека истиот ДИК ќе го достави до Општинските изборни комисии.

    На седницата беа усвоени и неколку предлог обрасци, Образец под број 13 Б, засписник за предавање на гласачки ливчиња и друг доверлив материјал за гласање на територија на Град Скопје од ДИК на ОИК, Образец број 13 Г, засписник за предавање на гласачки ливчиња и друг доверлив материјал за гласање за градоначалник и Совет за 2025, Образец број 13 Д, засписник за предавање на записници за утврдување на резултати за гласањето на територија на Град Скопје од ДИК на Изборна комисија на Град Скопје за 2025 година, Образецот број 15, засписник за утврдена состојба на просторијата за гласање, изборниот материјал во просторијата за гласање, гласачките кутии и функционалноста на уредите за биометриска идетификација од страна на избирачкиот одбор и Образецот според членот 107 став 3 од Изборниот законик во случај за постоење неможност за остварување на избирачкото право, односно за евиденцијата на ваквите евентуални случаи.

    ДИК ја усвои и одлуката за дополнување на одлуката за формирање на работни групи. Кондарко појасни дека оваа одлука е поврзана со внатрешната организација и екипираност на вработените од Секторот за Избирачкиот список, кои ќе работат на проверка на податоците на отпечатените изводи од Избирачкиот список.

    Членовите на ДИК одобрија и две барања за акредитации за набљудување на изборите.

    Како што појасни членката на Комисијата Светлана Карапетрова, едното барање е доставено од Здружение за општествен развој – Тетово, кое бара пет набљудувачи, а другото од Француската Амбасада во земјава, која бара девет набљудувачи.

    ДИК одлучуваше и по седум барања за изземање на претседатели, заменици, членови и нивни заменици на ОИК и Изборната комисија на Град Скопје, при што шест од нив беа прифатени и беше утврдено дека има објективни причини за тоа, а едно беше отфрлено. На местото на оние чии барања беа прифатени, по случаен избор беа избрани нови лица.

    Прочитај повеќе

    Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност

    19.09.2026 во 12:44

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.