На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската станица Охрид, од слобода го лишија Ц.Н.(55) од Охрид кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.
Со брза интервенција на полициските службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење.
Во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата а по целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривича пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност

