Времето утре (27 ноември) ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, особено во југозападните делови од земјата, каде се очекуваат над 20 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне и кон крајот на денот, наместа долж Повардарието, умерен до засилен јужен ветер.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец.
Според УХМР, утринските температури ќе се движат од 5 до 8 степени, а дневните од 8 до 12 степени.

