Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

    25.11.2026 во 10:23

    Опасна инфекција се шири во Унгарија: 26 фетуси починале во матката, а пет новороденчиња по раѓањето

    25.11.2026 во 10:22

    Температурите во дел од Македонија сеуште под нула – УХМР најавува снег

    25.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија
    • Опасна инфекција се шири во Унгарија: 26 фетуси починале во матката, а пет новороденчиња по раѓањето
    • Температурите во дел од Македонија сеуште под нула – УХМР најавува снег
    • Апсење во Македонија: Ќе лежи три ипол години затвор
    • Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија
    • „Вучиќ не е Србија, СНС не се Србите“ – СДСМ со жестоки обвинувања за новата иницијатива
    • Поранешен младински репрезентативец пронајден мртов во својот кревет – имаше само 38 години
    • Украински дронови ја нападнаа нафтената индустрија во Самара: Запалени две рафинерии
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

    Гаши на средба со Пленковиќ: Хрватска останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

    25.11.2026 во 10:232 Mins Read
    Собрание
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб разговарал за унапредување на билатералната соработка, европската интеграција и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

    На средбата, во рамки на официјалната посета на Хрватска, Гаши беше придружуван од претседателката на собраниската група за соработка со хрватскиот парламент, Благица Ласовска, и членовите Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати.

    Како што информираат од собраниската прес-служба, соговорниците ги оцениле односите меѓу двете држави како блиски и пријателски, нагласувајќи дека Хрватска е значаен партнер со кој Македонија споделува заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот.

    Една од главните теми била и ратификацијата на договорот за стратешка соработка меѓу двете влади. Гаши информирал дека предлог-законот веќе поминал на Комисијата за надворешна политика на 10 ноември и е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува да биде донесен.

    Договорот треба да отвори можности за продлабочување на соработката во повеќе области, меѓу кои транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста.

    Посебен акцент бил ставен на размената на искуства и знаења, особено на користењето на хрватските искуства во европската интеграција и спроведувањето институционални реформи.

    Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка од Хрватска за европската перспектива на Македонија, оценувајќи дека искуството на земјата во пристапувањето кон Европската Унија може да биде значајно за натамошниот реформски процес.

    На средбата биле поздравени и активностите на амбасадите на двете држави во Загреб и Скопје за унапредување на билатералните односи.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Температурите во дел од Македонија сеуште под нула – УХМР најавува снег

    25.11.2026 во 10:19

    Апсење во Македонија: Ќе лежи три ипол години затвор

    25.11.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.