Пожари избувнаа во две рафинерии на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ во Самарската област по напад со украински дронови, при што претходно во регионот била прогласена воздушна тревога, пренесуваат украинските медиуми.
Покрај рафинеријата Сизран, која веќе беше цел на украински напади во септември, зафатена од оган е и рафинеријата Куибишев, најголемото претпријатие од нафтената индустрија во тој регион.
Во меѓувреме, агенцијата Укринформ објави дека рафинерија за нафта во рускиот Ростовски регион ја прекинала работата по пожар предизвикан од претходен напад со украински дрон.

