Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 03:50 часот на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода 56-годишниот скопјанец С.Т., постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој во семејниот дом со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови, при што оштетил и дел од покуќнината.
Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

