Close Menu
Press24
    Најново

    Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт

    23.11.2026 во 17:27

    Температурите паднаа под нулата: Измерени -2 степени во 16 часот

    23.11.2026 во 17:18

    Утре се празнува Свети Мина: Отишле во црква да се молат за девојчето, а за време на операцијата се случило чудо

    23.11.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт
    • Температурите паднаа под нулата: Измерени -2 степени во 16 часот
    • Утре се празнува Свети Мина: Отишле во црква да се молат за девојчето, а за време на операцијата се случило чудо
    • Министерството за здравство со осуда за нападот во „Јане Сандански“: Насилството врз лекарите мора да се санкционира
    • Полицаец продавал дрога во Струмица
    • Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата
    • Директор, референти и двајца превозници осомничени за незаконска сеча и транспорт на дрва во Дебар
    • Апсења во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт

    Нови случаи на семејно насилство низ Македонија: Четири лица приведени, пријавени и закани со смрт

    23.11.2026 во 17:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири лица се лишени од слобода, а уште две други пријави за семејно насилство и закани се евидентирани во последните 24 часа во Скопје, Битола, Крива Паланка, Прилеп и Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.

    Во скопски Карпош, ноќеска во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.А.П. (41), постапувајќи по претходна пријава дека вчера во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна сопруга.

    Слична интервенција имало и во Крива Паланка, каде вчера во 19:14 часот полицијата го лишила од слобода Д.М. (35) од кривопаланечко село, откако физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал.

    Два случаи се регистрирани на подрачјето на СВР Битола. Вчера во 17:10 часот е приведен Н.П. (46) од битолско по пријава од неговата 40-годишна сопруга за физички напад и закани во семејниот дом, додека во 21:15 часот од слобода е лишен 42-годишниот битолчанец Б.К., поради упатени закани по живот кон неговата 25-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка.

    Во Гостивар, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава за „телесна повреда“ против К.А. (35) од гостиварско, кој по претходна расправија во семејниот дом физички ја нападнал 37-годишната сопруга и ѝ се заканувал нејзе и на нејзиното семејство.

    Истовремено, во ОВР Прилеп вчера во 18:50 часот 69-годишниот М.И. пријавил дека подолг временски период бил навредуван и омаловажуван од неговиот син и сопруга. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Прочитај повеќе

    Полицаец продавал дрога во Струмица

    23.11.2026 во 16:32

    Паднаа двајца полицајци – Едниот барал пари од патник, па ги делел со колегата

    23.11.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.