Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишија од слобода 54-годишен жител на градот поради агресивно однесување и закани кон неговата 30-годишна ќерка.
Според полициските информации, на 19.11.2026 година во 19:10 часот бил приведен Б.С.(54) од Куманово.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

