Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.

– Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици. Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно – рече Ѓорѓиевски.




