Владата соопшти дека заштитата на жртвите е врвен приоритет и порача дека насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања.
Во владиното соопштение се наведува дека веќе се работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат конкретни мерки во рамките на своите надлежности.
Од Владата нагласуваат дека во овој процес е особено важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите на насилство.
„Сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштитата на жртвите“, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека фокусот на јавната дебата мора да остане на заштитата на жртвите, наместо на политичките препукувања.

