Close Menu
Press24
    Најново

    За што ќе се трошат парите во 2027 година – Над 300 амандмани на маса пред пратениците

    20.11.2026 во 08:06

    Исклучувања од рано наутро – Со часови ќе нема струја во делови на Скопје

    20.11.2026 во 08:04

    Викенд полн пресврти со времето – Од понеделник температури под нула

    20.11.2026 во 08:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За што ќе се трошат парите во 2027 година – Над 300 амандмани на маса пред пратениците
    • Исклучувања од рано наутро – Со часови ќе нема струја во делови на Скопје
    • Викенд полн пресврти со времето – Од понеделник температури под нула
    • Европските лидери велат дека Русија не може да ја надвладее поддршката на сојузниците за Украина
    • Искачувањето по 50 скали на ден благотворно за срцето
    • Трамп е отворен за идејата за безбедносни гаранции за Украина, изјави Џаред Кушнер
    • (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење
    • Вработен во пошта пријавил закани на работното место
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За што ќе се трошат парите во 2027 година – Над 300 амандмани на маса пред пратениците

    За што ќе се трошат парите во 2027 година – Над 300 амандмани на маса пред пратениците

    20.11.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Расправата ќе се води во Комисијата за финансирање и буџет, а седницата е закажана за 11:30 часот. До Комисијата се поднесени над 300 амандмани.

    Во изминатите денови, за време на општата расправа, пратениците од владејачкото мнозинство оценија дека предложениот буџет претставува основа за одговорно управување со јавните финансии, одржување на макроекономската и финансиската стабилност, како и навремено исполнување на обврските кон граѓаните.

    Според власта, станува збор за развоен буџет кој треба да поттикне економски раст, да обезбеди поголеми капитални инвестиции и да придонесе за подобрување на животниот стандард.

    Од опозицијата, пак, сметаат дека владините проекции не ја одразуваат реалната економска состојба во државата. Тие предупредуваат дека зголемените дефицити и задолжувања ја доведуваат во прашање развојната компонента на буџетот, посочувајќи дека капиталните расходи се недоволни и дека најавените инвестиции не се соодветно покриени со финансиски средства.

    Според предложената буџетска рамка за 2027 година, вкупните приходи се проектирани на 395,4 милијарди денари, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на 2026 година. Вкупните расходи се планирани на 440,4 милијарди денари, односно 4,8 проценти повеќе во споредба со претходната година.

    Буџетскиот дефицит е предвиден на 45 милијарди денари, што претставува 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), во согласност со Фискалната стратегија за периодот од 2027 до 2031 година.

    За капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари, додека даночните приходи се очекува да достигнат 223,1 милијарди денари, со проектиран раст од 6,4 проценти.

    За социјални трансфери се предвидени вкупно 220,8 милијарди денари, што е зголемување од 4,1 процент. Од оваа сума, 123,8 милијарди денари се наменети за исплата на пензиите, односно 4,8 проценти повеќе во однос на претходната година, согласно законското усогласување.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Исклучувања од рано наутро – Со часови ќе нема струја во делови на Скопје

    20.11.2026 во 08:04

    Викенд полн пресврти со времето – Од понеделник температури под нула

    20.11.2026 во 08:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.