Повеќе корисници во општините Петровец, Гази Баба и Сопиште денеска, 20 ноември 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Според најавата, прекините ќе се реализираат во неколку временски интервали.
Од 06:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат селата Бадар и Кожле, викендиците Блаце Шип, Фазанерија Тотинци, пумпата за водовод Кожле, како и тунелот Катланово. Причина за прекинот се поправка на 10-киловолтен далековод и замена на дефектни изолатори.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има во дел од улицата „Франц Лист“ во Маџари и Хиподром, во општина Гази Баба.
Во истиот термин без електрична енергија ќе остане и дел од индустриската зона Ќојлија во Петровец, каде што се опфатени објектите на „Кипер“, „Кобра Панел“ и „Подравка“.
Од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и за дел од потрошувачите во Црвена Прст и месноста Осојница, во општина Сопиште.
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги приспособат своите обврски на најавените прекини.

