Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење

    19.11.2026 во 22:43

    Вработен во пошта пријавил закани на работното место

    19.11.2026 во 22:24

    Николоски – Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД

    19.11.2026 во 22:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење
    • Вработен во пошта пријавил закани на работното место
    • Николоски – Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД
    • Доаѓа силен ветер: Затворете ги прозорците и препаркирајте ги колите
    • Поради силен ветер: На неколку патни правци паднати дрва и семафор
    • Од Ибица до Вајс Сити: GTA VI ги собра Solomun, Black Coffee, Michael Bibi и Justice
    • Комисијата за финансирање и буџет утре ќе почне со разгледување на амандманите за предлог-буџетот за 2027 година
    • Повеќе делови од Скопје и околината утре ќе останат без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење

    (ВИДЕО) Институтот за историја одбележува 80 години постоење

    19.11.2026 во 22:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Со научни аргументи, храброст и смиреност против обидите за негирање на македонскиот народ и неговото минато.“ Ова е пораката на историчарите по повод одбележување 80 години од основањето на Институтот за историја.

    Јубилејот собра домашни и странски научници, кои дискутираат за предизвиците во проучувањето на минатото и за важноста од зачувување на историското наследство.

    „Самите сте свесни со какви негирања македонскиот народ се соочува и со какви негирања се соочува македонската историографија, но на тие негирања ќе одговориме со храброст, научна храброст и со смиреност – бидејќи секој има право на сопствена вистина“, изјави проф. д-р Далибор Јовановски, раководител на Институтот за историја.

    „Одговорноста на научната заедница е преку аргументирани истражувања, научна објективност и критички пристап да ги утврдува и афирмира историските вистини. Само така можеме да изградиме општество кое ја познава сопствената историја, ги почитува фактите и знае да учи од минатото“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

    Дека интересот за оваа наука не стивнува, покажува и зголемениот број млади кои се одлучуваат да студираат историја, гледајќи ја како важен дел од зачувувањето на националниот идентитет.

    „Верувам дека нашата држава заслужува студенти на историја и едноставно, ние без нашата историја сме осудени на пропаст. Зашто ако на еден народ му ја одземете историјата тој ризик е од асимилација“, изјави Един Рамчиловиќ, студент на Институтот за историја.

    Одбележувањето на 80-годишниот јубилеј е потсетник на досегашниот придонес на Институтот, но и обврска за новите генерации да продолжат да го истражуваат, чуваат и афирмираат историското наследство.

    Прочитај повеќе

    Вработен во пошта пријавил закани на работното место

    19.11.2026 во 22:24

    Доаѓа силен ветер: Затворете ги прозорците и препаркирајте ги колите

    19.11.2026 во 21:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.