Врнежливо утро, проследено со разведрување во текот на денот, најавуваат метеоролозите. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови од земјата повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 22 степени.

Во Скопје утрото ќе биде облачно со услови за повремен дожд, а во текот на денот се очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со различен интензитет се очекува за време на викендот и на почетокот од следната седмица.
Позначителна промена на времето се најавува од понеделник, кога под влијание на студен воздушен бран температурите ќе почнат да опаѓаат. На одредени места се очекува живата во термометарот да се спушти и под нулата.

