Поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа, повеќе делови од Скопје и околината утре ќе останат без струја.
Од 6 до 12 часот без струја ќе бидат жителите на селата Бадар и Кожле, викендичките во Блаце Шип, Фазанеријата Тотинци, пумпата за водовод Кожле и тунелот Катланово. Прекинот е поради поправка на 10-киловолтен далекувод и замена на дефектни изолатори.
Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Франц Лист“ во Маџари и Хиподром.
Во истиот период, од 8 до 14 часот, прекин ќе има и во дел од индустриската зона Ќојлија, каде што без струја ќе бидат објектите на „Кипер“, „Кобра Панел“ и „Подравка“.
Од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе остане и дел од Црвена Присојница и месноста Осојница во Сопиште.

