Close Menu
Press24
    Најново

    Макрон бара итна испорака на противракетни системи за Украина: Повторно да се отвори прашањето за НАТО

    19.11.2026 во 20:24

    Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка, од училиштето пријавиле во полиција

    19.11.2026 во 20:04

    Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина

    19.11.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Макрон бара итна испорака на противракетни системи за Украина: Повторно да се отвори прашањето за НАТО
    • Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка, од училиштето пријавиле во полиција
    • Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина
    • УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот
    • Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање
    • Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог
    • Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
    • Дете претепано во тоалет од основно училиште
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Макрон бара итна испорака на противракетни системи за Украина: Повторно да се отвори прашањето за НАТО

    Макрон бара итна испорака на противракетни системи за Украина: Повторно да се отвори прашањето за НАТО

    19.11.2026 во 20:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сојузниците на Украина веднаш да преземат конкретни чекори за обезбедување дополнителни средства за воздушна одбрана на земјата, нагласувајќи дека заштитата на украинското население мора да биде приоритет.

    Макрон побара испорака на нови противракетни системи и пресретнувачи, оценувајќи дека државите кои располагаат со такви средства треба без одложување да ѝ помогнат на Украина.

    „Апсолутен приоритет е распоредувањето нови противракетни системи и нови пресретнувачи. Секој што има можност да обезбеди средства за одбрана и заштита на украинските граѓани мора веднаш да го стори тоа“, изјави Макрон во Берлин.

    Тој истовремено повика повторно да се отвори прашањето за членството на Украина во НАТО, посочувајќи дека руската позиција во преговорите бара сериозно преиспитување на идните безбедносни гаранции за Киев.

    „Со оглед на максималистичката природа на руската позиција, верувам дека мора повторно да го поставиме прашањето за пристапување на Украина во НАТО. Денес се поставува прашањето, вклучително и за нас Европејците, што ќе се случи утре?“, порача францускиот претседател.

    Изјавите Макрон ги даде на состанокот во Берлин, на кој присуствуваа претставници на сојузничките земји на Украина, меѓу кои и претставници на американскиот претседател Доналд Трамп.

    Прочитај повеќе

    Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина

    19.11.2026 во 19:49

    Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг

    19.11.2026 во 18:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.