Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина

    19.11.2026 во 19:49

    УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот

    19.11.2026 во 19:36

    Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    19.11.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина
    • УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот
    • Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање
    • Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог
    • Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
    • Дете претепано во тоалет од основно училиште
    • Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг
    • А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина

    Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин: Се противел на нова воена помош за Украина

    19.11.2026 во 19:493 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски се вклучил на состанокот на европските лидери во Берлин, посветен на војната во Украина, и од својот претседателски авион „Ер форс 1“ ги довел во прашање плановите за продолжување на европската воена помош за Киев.

    Според информациите на „Политико“, кои се повикуваат на четворица европски функционери запознаени со разговорот, Трамп им порачал на европските лидери дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен во врска со мировните преговори за Украина.

    Американскиот претседател, според тројца функционери, изразил силно противење на понатамошното издвојување милијарди евра за воена помош на Киев. Двајца од изворите неговото обраќање го опишале како остра критика на продолжувањето на финансирањето на Украина, додека трет извор навел дека Трамп зборувал за големите заштеди што би можеле да се остварат доколку војната заврши.

    Германската новинска агенција ДПА објави дека Трамп се јавил од својот авион на својот зет и специјален пратеник Џаред Кушнер, кој присуствувал на состанокот. Кушнер го вклучил звучникот на телефонот, а разговорот бил дополнително засилен преку микрофон за да можат да го слушнат и останатите учесници.

    Белата куќа засега не одговорила на барањето на „Политико“ за коментар во врска со содржината на разговорот.

    На состанокот во Берлин, организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц, учествуваа претставници на околу 40 земји, во рамките на таканаречената „Коалиција на подготвените“, која се залага за долгорочна воена и безбедносна поддршка за Украина.

    Меѓу присутните беа францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на други европски држави. САД ги претставуваа специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. На состанокот учествуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

    Европските сојузници сакале да дознаат повеќе детали за разговорите на Трамп со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во Шенџен, како и дали Вашингтон ќе ги поддржи европските планови за безбедносни гаранции за Украина во случај на прекин на огнот.

    По состанокот, германскиот канцелар Мерц порача дека Европа нема да прифати мировен договор за Украина во кој Киев и европските држави нема да бидат вклучени.

    „Преговорите можат да бидат успешни само ако Украина и Европа заедно учествуваат во процесот. Формат во стилот на Јалта нема да донесе мир“, изјави Мерц, алудирајќи на конференцијата од 1945 година, кога големите сили го договарале повоеното уредување на Европа.

    Мерц истакна дека европските држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина онолку долго колку што е потребно. Тој средбата на Трамп, Путин и Си во Кина ја оцени како можност за фотографирање, за разлика од берлинскиот состанок, на кој, според него, се разговарало за конкретни мерки за поддршка на Украина.

    Европските лидери се загрижени дека Вашингтон би можел да постигне договор со Москва за иднината на Украина и безбедносниот поредок во Европа, без нивно учество.

    Во меѓувреме, европските земји презедоа значителен дел од финансирањето на украинската одбрана, по намалувањето на директната американска помош за време на администрацијата на Трамп.

    Засега не е познато дали американскиот претседател за време на телефонскиот разговор поставил конкретни барања пред европските сојузници или навестил промена на американската политика кон Украина.

    Прочитај повеќе

    Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг

    19.11.2026 во 18:09

    Голем пресврт во случајот Данка Илиќ: „Ме тепаа со стап, ми ставија вреќа на главата, ми рекоа ќе ме убијат“

    19.11.2026 во 16:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.