Close Menu
Press24
    Најново

    УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот

    19.11.2026 во 19:36

    Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    19.11.2026 во 19:11

    Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог

    19.11.2026 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот
    • Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање
    • Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог
    • Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
    • Дете претепано во тоалет од основно училиште
    • Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг
    • А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот

    УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот

    19.11.2026 во 19:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ЕВН Македонија и Министерството за образование и наука (МОН) денеска постигнаа договор за надминување на проблемот со неплатените сметки за електрична енергија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), со што е избегнато ново исклучување на факултетите, одговорија од ЕВН Македонија за Плусинфо.

    Според договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови. Со тоа се создадени услови најавеното повторно исклучување на електричната енергија, кое требаше да се случи утре, да не се реализира.

    Проблемот ескалираше вчера, кога поради неплатени сметки ЕВН ја исклучи струјата во Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и во зградата на Ректоратот на УКИМ. По неколку часа, снабдувањето беше обновено, но на Универзитетот му беше оставен рок до петок да ги подмири обврските.

    Според информациите од извори во ЕВН, долгот на овие универзитетски единици изнесува околу половина милион евра, а најголемиот дел од сумата се однесува на факултетите.

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека долгот ќе биде покриен со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот.

    – Електрична енергија на УКИМ има. Точно е дека има долгови за електрична енергија, меѓутоа, вчера во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме – изјави Јаневска, уверувајќи дека нема да има нови проблеми со снабдувањето.

    Според неофицијални извори во јавното претпријатие, на кои се повикаа некои медумми, опасност од прекин на снабдувањето има и кај други јавни установи, меѓу кои и културни институции и Пошта. Се проценува дека вкупните долгови на јавните и државните институции кон Електрани на Македонија (ЕСМ) надминуваат 24 милиони евра.

    Прочитај повеќе

    Новата естонска амбасадорка: Европската иднина на регионот се гради преку партнерство и разбирање

    19.11.2026 во 19:11

    Мицкоски: Македонија е на иста маса со светот, активно учествува во меѓународниот дијалог

    19.11.2026 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.