Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

    19.11.2026 во 17:46

    Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции

    19.11.2026 во 17:34

    Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата

    19.11.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија
    • Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции
    • Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата
    • Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог
    • Комерцијална банка влегува во трката за акциите на Алта банка Битола
    • Голем пресврт во случајот Данка Илиќ: „Ме тепаа со стап, ми ставија вреќа на главата, ми рекоа ќе ме убијат“
    • Сабајле уште во 6 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучување
    • Велјановски кон СДС: Не можете да ја избришете меморијата од граѓаните за да заборават што се случуваше
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

    19.11.2026 во 17:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана.

    Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи.

    Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата. 

    Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.

    Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области.

    За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.

    За неа, исто така, можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.

    Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027–2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.

    Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи.

    Прочитај повеќе

    Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции

    19.11.2026 во 17:34

    Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата

    19.11.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.