Close Menu
Press24
    Најново

    А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците

    19.11.2026 во 17:51

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

    19.11.2026 во 17:46

    Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции

    19.11.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија
    • Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции
    • Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата
    • Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог
    • Комерцијална банка влегува во трката за акциите на Алта банка Битола
    • Голем пресврт во случајот Данка Илиќ: „Ме тепаа со стап, ми ставија вреќа на главата, ми рекоа ќе ме убијат“
    • Сабајле уште во 6 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците

    А1 Македонија со нова припејд понуда: Повеќе интернет и поголем избор за корисниците

    19.11.2026 во 17:51Updated:19.11.2026 во 17:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби.

    Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените.

    Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат:

    • Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари.
    • Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.

    Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик, со траење од 14 дена.

    Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1.

    Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет:

    • Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена.
    • Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена.

    Дополнителна поволност е новата цена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk.

    Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска.

    Прочитај повеќе

    „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите

    19.11.2026 во 15:12

    Патарина ќе се плаќа според изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија

    19.11.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.