Close Menu
Press24
    Најново

    Паркирајте и помогнете некому: Отворена хуманитарна паркинг-зона пред Градскиот стадион

    19.11.2026 во 15:22

    „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите

    19.11.2026 во 15:12

    Коњановски: За пензии во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари

    19.11.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паркирајте и помогнете некому: Отворена хуманитарна паркинг-зона пред Градскиот стадион
    • „Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите
    • Коњановски: За пензии во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари
    • (ФОТО) Искршените плочки заминуваат во историјата: Се уредува влезот на Старата скопска чаршија
    • Битиќи: Владата планира задолжување од две милијарди евра
    • „Син ми го нападнале во училишниот тоалет“: Загрижена мајка пријавила насилство во Радишани
    • Инцидент во пошта во Скопје: Вработен пријавил дека му се заканувала жена
    • Двајца ја нападнале, третиот ѝ се заканувал со смрт: Штипјани пријавени за насилство врз мајка им
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паркирајте и помогнете некому: Отворена хуманитарна паркинг-зона пред Градскиот стадион

    Паркирајте и помогнете некому: Отворена хуманитарна паркинг-зона пред Градскиот стадион

    19.11.2026 во 15:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пред Градскиот стадион, во секторот „Парк“, од денес има посебно обележани паркинг-места од кои сите приходи ќе одат за хуманитарни цели. Зоната H ја отворија ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Општина Центар и Црвен крст – Општинска организација Центар.

    Со секое платено паркирање на овие места, граѓаните ќе придонесат за помош на лица и семејства на кои им е потребна поддршка.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека зоната H е една од новините во системот за паркирање.

    „Со последните измени сакаме паркинг-просторот во Центар да се користи поразумно и да се распределува поправично. Со зоната H им даваме на граѓаните уште еден начин да си помогнеме едни на други. Секое платено паркирање на овие места значи поддршка за некој наш сограѓанин“, рече Герасимовски.

    „Ако паркирате кај Градскиот стадион, со изборот на едно од овие места можете да помогнете некому. Во соработка со Црвениот крст и со поддршка на Општина Центар, сакаме таа помош да стигне до нашите сограѓани на кои им е најпотребна. Ги повикувам граѓаните да ја поддржат иницијативата“, истакна директорот на ПОЦ.

    Паркинг-местата во зоната H се обележани со црвена и бела боја. Упатствата за пријавување и плаќање на паркирањето се истакнати на самата локација.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Искршените плочки заминуваат во историјата: Се уредува влезот на Старата скопска чаршија

    19.11.2026 во 14:40

    Ѓорѓиевски го исполни ветувањето: По децении чекање добра вест за жителите на Шуто Оризари

    19.11.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.