Close Menu
Press24
    Најново

    Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот

    19.11.2026 во 10:58

    Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување

    19.11.2026 во 10:45

    Јанев за ЕРТ: Спречивме терористички напад во Грција

    19.11.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот
    • Средба Сали – Исранг: Германија е стратешки партнер, потребен е предвидлив процес на проширување
    • Јанев за ЕРТ: Спречивме терористички напад во Грција
    • Божиновска на форумот P-TEC во Варшава: Интерконекторот со Грција ќе биде готов во јуни следната година
    • ФОТО: „Сејф Сити” му донесе светска награда на Тошковски – Признанието врачено во Дубаи
    • Загина познат актер – автомобил го прегазил на пешачки премин
    • ФЗО реагира по извештајот на ДЗР: Најавени мерки до крајот на следната година
    • По четири дена проблеми, Штип конечно добива вода – Саниран и вториот дефект
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот

    Тајван пријави нов прелет на два руски воени авиони Ту-95 во близина на островот

    19.11.2026 во 10:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Два руски воени авиони Ту-95 летале источно од Тајван откако му се приближиле на островот од јужната страна, соопшти тајванското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс. Ова е втор ваков инцидент со руски воени летала што Тајпеј го регистрира во рок од една недела.

    Според официјалните податоци од министерството, двата авиони Ту-95, кои во класификацијата на НАТО се означени како „Мечка“, навлегле во тајванската Зона за идентификација на воздушната одбрана (ADIZ). Потоа леталата го продолжиле движењето кон североисток и ја напуштиле зоната во близина на пристанишниот град Килунг.

    Слична активност Тајван пријави и во вторникот, кога два руски воени авиони прелетаа кон југ по должината на источниот брег на островот. Тој лет истиот ден го потврди и Јапонија, објавувајќи мапа со точната траекторија на движење. Од руското Министерство за одбрана засега нема коментар за најновиот прелет.

    Инцидентот се случува во услови на речиси секојдневни операции на кинеската војска во околината на Тајван. Пекинг го смета островот за дел од својата територија, позиција што ја поддржува и Москва, додека властите во Тајпеј ги отфрлаат таквите претензии и инсистираат дека само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.

    Прочитај повеќе

    Загина познат актер – автомобил го прегазил на пешачки премин

    19.11.2026 во 10:27

    Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    19.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.