Close Menu
Press24
    Најново

    По четири дена проблеми, Штип конечно добива вода – Саниран и вториот дефект

    19.11.2026 во 10:24

    Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    19.11.2026 во 10:19

    Трамп со Путин разговараше речиси еден час, со Си Џинпинг само 13 минути

    19.11.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По четири дена проблеми, Штип конечно добива вода – Саниран и вториот дефект
    • Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната
    • Трамп со Путин разговараше речиси еден час, со Си Џинпинг само 13 минути
    • ВМРО-ДПМНЕ со споредба: Колку камати се плаќале за време на СДСМ и колку се плаќаат сега?
    • УХМР издаде нов метео аларм
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Филмска кражба во соседството: Скршиле врата и прозорец, па го украле сефот со 100.000 евра
    • Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По четири дена проблеми, Штип конечно добива вода – Саниран и вториот дефект

    По четири дена проблеми, Штип конечно добива вода – Саниран и вториот дефект

    19.11.2026 во 10:241 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По четири дена проблеми со водоснабдувањето, Штип постепено се враќа во нормала. Саниран е и вториот дефект на главната водоводна линија, а водата за пиење веќе пристигнува и во повисоките делови на градот, но засега со намален притисок.

    Од ЈП „Исар“ информираат дека дефектот е успешно отстранет од стручните екипи на работната единица „Водовод и канализација“.

    Од претпријатието објаснуваат дека воспоставувањето на редовното водоснабдување се одвива постепено, согласно посебни протоколи, со цел да се избегне дополнително оптоварување и ризик за водоводната мрежа.

    Проблемот со водоснабдувањето во изминатите четири дена погоди десет населби во Штип, поради два дефекти на главната водоводна линија.

    Поради сериозноста на состојбата, градоначалникот Иван Јорданов вчера прогласи кризна состојба во дел од населените места. На жителите им беа обезбедени цистерни со техничка вода, додека за пиење се делеше флаширана вода.

    Јорданов посочи дека цевките на главната водоводна линија се стари околу 50 години, најавувајќи дека во текот на следната година ќе се инвестира во нивна замена со цел да се спречат слични проблеми во иднина.

    Иако дефектот е отстранет, од „Исар“ апелираат за трпение додека целосно не се стабилизира притисокот и не се воспостави нормално водоснабдување во сите делови на градот.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    19.11.2026 во 10:19

    ВМРО-ДПМНЕ со споредба: Колку камати се плаќале за време на СДСМ и колку се плаќаат сега?

    19.11.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.