Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денеска и утре, 19 и 20 ноември 2026 година, поради најави за повремено засилен ветер.
Според предупредувањето, ќе дува ветер од југозападен и западен правец, кој на одредени места повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Се препорачува граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, особено во изложените подрачја и при патување.

