Close Menu
Press24
    Најново

    Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    19.11.2026 во 10:19

    Трамп со Путин разговараше речиси еден час, со Си Џинпинг само 13 минути

    19.11.2026 во 10:14

    ВМРО-ДПМНЕ со споредба: Колку камати се плаќале за време на СДСМ и колку се плаќаат сега?

    19.11.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната
    • Трамп со Путин разговараше речиси еден час, со Си Џинпинг само 13 минути
    • ВМРО-ДПМНЕ со споредба: Колку камати се плаќале за време на СДСМ и колку се плаќаат сега?
    • УХМР издаде нов метео аларм
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Филмска кражба во соседството: Скршиле врата и прозорец, па го украле сефот со 100.000 евра
    • Путин пристигна во Кина со нуклеарната актовка: Што се крие во мистериозниот „Чегет“
    • Овие 3 хороскопски знаци се најдобри мајки: Нивната љубов е безусловна, децата им се на прво место
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    Планирате за празниците во Грција? – Проверете што мора да имате во автомобилот и колкава е казната

    19.11.2026 во 10:192 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите кои планираат да патуваат во Грција со автомобил за новогодишните празници треба навреме да се подготват. Од 1 јануари 2027 година стапуваат на сила нови правила за задолжителната автомобилска аптечка, која ќе мора да ги исполнува европските стандарди DIN 13164:2022 или соодветен еквивалентен ISO стандард.

    Новите прописи се однесуваат на моторните возила што сообраќаат на територијата на Грција, со исклучок на мотоциклите и другите двоточкаши.

    Што мора да содржи автомобилската аптека?

    Меѓу задолжителните елементи што треба да ги содржи аптеката се:

    • Термоизолациско ќебе со минимални димензии од 210 x 160 сантиметри.
    • Медицински маски од тип IIR или FFP2.
    • Медицински ракавици за еднократна употреба.
    • Стерилни гази и преврски, вклучително и материјал за третман на изгореници.
    • Завои, фластери и средства за покривање рани.
    • Ножици за прва помош.
    • Средства за чистење на кожата.
    • Упатство за укажување прва помош.

    Материјалите треба да бидат во рок на употреба, во добра состојба и да ги исполнуваат пропишаните стандарди.

    Возачите кои нема да ги почитуваат новите правила за задолжителната автомобилска аптека во Грција се соочуваат со парична казна од 30 евра, согласно грчкиот Закон за сообраќај.

    Проверете ја опремата пред да тргнете на пат

    Покрај аптеката, возачите треба да проверат дали во автомобилот ја имаат и потребната безбедносна опрема, како сигурносен триаголник, противпожарен апарат и рефлектирачки елек.

    Пред подолг пат се препорачува да се провери и состојбата на возилото, гумите и задолжителната опрема.

    Новите правила за аптечките имаат за цел да обезбедат возачите да располагаат со соодветен материјал за укажување прва помош во случај на сообраќајна несреќа или друга итна ситуација.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со споредба: Колку камати се плаќале за време на СДСМ и колку се плаќаат сега?

    19.11.2026 во 10:08

    УХМР издаде нов метео аларм

    19.11.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.