СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и Ѓ.Ч. (67) од Кавадарци, во својство на сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според полициските информации, второпријавениот, кој воедно бил и надзорен орган во правното лице, составил и потпишал технички извештај со кој овозможил ставање во употреба на хотелски комплекс во Охрид, и покрај тоа што објектот бил изграден спротивно на издаденото одобрение за градба.
По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

