Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд

    18.11.2026 во 11:49

    Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата

    18.11.2026 во 11:45

    Апсење во Скопје: Го фатиле како фрла кеса со дрога

    18.11.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд
    • Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата
    • Апсење во Скопје: Го фатиле како фрла кеса со дрога
    • ФОТО: Децата од Гази Баба на бесплатни офталмолошки прегледи
    • Во сабота е голем празник
    • Сонце и 20 степени па пресврт – УХМР ги измери температурите и издаде метеоаларм
    • Илинден инвестира во побезбеден сообраќај, се обележуваат улици и патишта
    • Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд

    Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд

    18.11.2026 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и опозициската партија продолжуваат да шират невистини во врска со работењето на „Алта банка“ и намерно ја избегнуваат најавената надзорна расправа.

    Според Манасиевски, опозицијата без никаква одговорност пласирала манипулации со кои се обидела да го наруши угледот на банкарскиот сектор и да создаде паника кај граѓаните, додека реалноста покажала дека токму тие први соработувале со истата банка.

    „Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем“, изјави Манасиевски.

    Тој додаде дека сите тврдења на опозицијата за наводна неликвидност и пропаѓање на банката се покажале како неточни, посочувајќи дека СДСМ бега од соочување со фактите во Собранието.

    „Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа. За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура. Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    На крајот од обраќањето, Манасиевски оцени дека однесувањето на опозицијата произлегува од нивните претходни постапки:

    „Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд“, порача Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, бараме одговорност за случајот со Сара

    18.11.2026 во 10:19

    СДСМ ја прозва Владата за Предлог-буџетот: Нови долгови, а нема пари за граѓаните

    18.11.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.