Close Menu
Press24
    Најново

    Во сабота е голем празник

    18.11.2026 во 11:26

    Сонце и 20 степени па пресврт – УХМР ги измери температурите и издаде метеоаларм

    18.11.2026 во 11:22

    Илинден инвестира во побезбеден сообраќај, се обележуваат улици и патишта

    18.11.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во сабота е голем празник
    • Сонце и 20 степени па пресврт – УХМР ги измери температурите и издаде метеоаларм
    • Илинден инвестира во побезбеден сообраќај, се обележуваат улици и патишта
    • Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига
    • Невообичаена сцена во српскиот парламент: Пратениците на Студентската листа му аплаудираа Вучиќ за време на неговиот говор
    • По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава
    • Орце со видео по една година мандат: „Кога се сака градот и народот, се наоѓа пат”
    • Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во сабота е голем празник

    Во сабота е голем празник

    18.11.2026 во 11:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во сабота, 21 ноември, верниците и МПЦ го празнуваат Соборот на свети архангел Михаил, меѓу народот познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Овој голем есенски празник многу семејства го одбележуваат како слава, а во чест на празникот именден празнуваат Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.

    Црквата го востановила овој ден во чест на безбројните ангели и нивниот водач, свети архангел Михаил, чиј главен празник е на 8 ноември (по стариот календар), додека денешниот датум го означува споменот на неговите чуда во местото Хони кај Ерапол во Фригија, каде што била подигната црква во негова чест.

    Според теолошкото учење, пред создавањето на материјалниот свет, Бог ги создал ангелите како духовни и невидливи битија. На иконите тие се претставени во човечка форма со крилја како божји весници, во бела облека што симболизира чистина, и со ликови на млади луѓе. Единствено архангел Михаил е насликан во војводска облека со меч и копје.

    Историскиот контекст на овој изглед потекнува од битката кога ангелот Деница се одметнал од Бога и создаде невидливо духовно царство на злото. Тогаш свети архангел Михаил го победил и симнал од небото, борејќи се за славата Божја. Пред тоа, тој ги собрал сите верни ангели пеејќи ја песната: „Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“, во чиј спомен е востановен празникот.

    Изборот на месецот ноември се должи на фактот што во старото сметање на времето кога годината почнувала во март, ноември бил деветти месец, соодветно на деветте ангелски чинови, додека осмиот ден (по стариот календар) го симболизира доаѓањето на Исус на страшниот суд.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: На еден знак му пристигнува долгоочекувана вест, друг ќе добие шанса за нов почеток

    18.11.2026 во 09:03

    Џејмс Блант го исполни ветувањето: Официјално го промени името во Рајан Ер

    17.11.2026 во 23:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.