Од полноќ стапија на сила новите, пониски цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Бензините од 95 и 98 октани поевтинуваат за два денари по литар. Со новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 84 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 86 денари.
Поголемо намалување има кај дизелот, чија цена е пониска за 2,50 денари и сега изнесува 92 денари за литар.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, за три денари по литар, па новата цена изнесува 100,5 денари.
Регулаторната комисија ја намали и цената на мазутот М-1 НС за 0,998 денари за килограм, кој сега се продава по цена од 48,314 денари за килограм.
Новите цени важат од полноќ.

