Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на бензинските пумпи

    17.11.2026 во 08:31

    Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје

    17.11.2026 во 08:16

    „Бизнисот колабира“: Николоски бара ЕУ итно да го реши проблемот со камионџиите

    17.11.2026 во 08:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од полноќ нови цени на бензинските пумпи
    • Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • „Бизнисот колабира“: Николоски бара ЕУ итно да го реши проблемот со камионџиите
    • Македонија со црна статистика: 78 загинати во сообраќајки на милион жители – полоши сме од европскиот просек
    • Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во повеќе скопски населби
    • 35 години од првиот Устав: Денот кога Македонија ги постави темелите на независната држава
    • Судење за Пулс: Ќе сведочи ќерката на Газда Деко
    • Тотален временски пресврт: Денеска сонце, од утре многу лоша промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија со црна статистика: 78 загинати во сообраќајки на милион жители – полоши сме од европскиот просек

    Македонија со црна статистика: 78 загинати во сообраќајки на милион жители – полоши сме од европскиот просек

    17.11.2026 во 08:132 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се наоѓа над европскиот просек според бројот на загинати во сообраќајни несреќи, покажуваат податоците за регионалната распределба на жртвите во сообраќајот во Европа за 2024 година. Во земјава биле евидентирани 78 загинати на еден милион жители, што е значително повеќе од просекот на Европската Унија, кој изнесува 45.

    Споредбата со земјите од регионот покажува дека идентична стапка од 78 загинати на милион жители има и Србија. Во Албанија се регистрирани 74, додека Црна Гора бележи најнеповолни показатели во регионот, со дури 120 загинати на милион жители.

    Статистиката на Евростат покажува дека во текот на 2024 година на патиштата во Европската Унија животот го загубиле вкупно 20.210 лица.

    Најцрна статистика меѓу европските региони има бугарскиот Северозападен регион, каде биле регистрирани 148 смртни случаи на милион жители. На второ место е португалскиот регион Алентежо со 137 загинати, а потоа следуваат Гваделуп со 131 и Француска Гвајана со 114 загинати на милион жители. Корзика бележи стапка од 113, додека романскиот регион Југозападна Олтенија има 111 загинати на милион жители.

    Сосема поинаква слика има во дел од европските региони. Во вкупно 15 региони на ЕУ стапката била под 20 загинати на милион жители. Најдобар резултат е забележан во финскиот регион Оланд, каде во текот на годината немало ниту една жртва во сообраќајни несреќи.

    Меѓу регионите со најниска стапка се и Брисел во Белгија, со девет загинати на милион жители, Стокхолм во Шведска и Виена во Австрија со по 10, како и шпанските региони Мелиља и Сеута, со 11 и 12 загинати на милион жители.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Од полноќ нови цени на бензинските пумпи

    17.11.2026 во 08:31

    Ќе снема вода во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје

    17.11.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.