Close Menu
Press24
    Најново

    Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

    16.11.2026 во 22:40

    Зеленски: Пет европски држави, ЕУ и НАТО ќе учествуваат во преговорите со Русија, бара дополнителни ракети

    16.11.2026 во 22:33

    ​Трибина „Толеранцијата почнува со почит – заедно против сајбер булинг“ во општина Кисела Вода

    16.11.2026 во 21:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
    • Зеленски: Пет европски држави, ЕУ и НАТО ќе учествуваат во преговорите со Русија, бара дополнителни ракети
    • ​Трибина „Толеранцијата почнува со почит – заедно против сајбер булинг“ во општина Кисела Вода
    • Хаџи Василева: Во обвинителствата недостигаат две третини од стручниот кадар
    • Битиќи: Граѓаните живеат сè полошо, а Владата наместо развој нуди нови долгови и поскапи кредити
    • Филипче: Под притисок на јавноста се смени одлука за насилникот од Охрид, потврда дека ништо не функционира
    • Филипче: Протестот во Охрид е за сите жртви, да го искажеме гневот поради непостапување на институциите
    • Кошта: Проширувањето на ЕУ ја прави Европа побезбедна, поконкурентна и поотпорна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

    Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

    16.11.2026 во 22:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Фондацијата Скопје 2028“ известува дека Нацрт Програмата за Скопје 2028 Европска престолнина на културата е објавена и отворена за консултации, забелешки и коментари.

    Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на културата најдоцна до 23 ноември 2026 година.

    Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје.

    Фондацијата ја објави работната верзија на Програмата за култура на својата официјална интернет-страница и ја отвора за јавна консултација. Целта е во нејзиното обликување да учествуваат не само институциите, туку и сите што создаваат, поддржуваат или сакаат да придонесат кон културниот живот на градот, затоа што програмата на Европската престолнина на културата треба да биде програма на целиот град.

    Повик до сите, без исклучок

    Фондацијата посебно ги повикува да се вклучат:

    Сите граѓани од сите возрасти, заедници и општини во Скопје, вклучително и младите, повозрасните и лицата со попреченост;

    индивидуалните уметници, културните работници и креативците;

    културните, образовните и научните институции и академската заедница;

    независните и граѓанските организации, неформалните групи и иницијативите од населбите;

    креативните индустрии и деловната заедница.

    Отвореноста на процесот произлегува од самиот концепт на Скопје 2028 – „Култура над поделбите“. Тоа не значи негирање на разликите, туку култура што ги поврзува различните јазици, заедници, генерации и искуства преку дијалог и заедничко создавање. Затоа Фондацијата особено ги охрабрува да се вклучат и оние чиј глас досега поретко се слушал во културниот живот на градот.

    Предлозите може да се однесуваат на нови културни и уметнички содржини, современи практики, културното наследство, независната сцена, младинското учество, инклузивноста и пристапноста, децентрализацијата и културата во населбите, јавните простори и меѓународната соработка.

    Добредојдени се и коментари за работната верзија на програмата, како и сосема нови идеи што досега не се опфатени.

    Како да учествувате?

    Погледнете ја работната верзија на Програмата за култура на следниот линк:

    Предлозите и коментарите испратете ги на info@skopje2028.mk, со предмет „Јавна консултација – Програма за култура на Скопје 2028“. Не е потребно да бидете професионалец во културата или да претставувате организација: доволен е краток опис на идејата и објаснување како таа може да придонесе кон културната програма.

    Фондацијата ги очекува вашите забелешки, коментари и предлози најдоцна до 23 ноември 2026 година.

    Сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани и ќе послужат за унапредување на финалната верзија на Програмата за култура. Покрај можноста за доставување писмени предлози, во наредниот период ќе се организираат и средби со различни фокус-групи од уметничката и културната сцена на Скопје. Преку овие разговори и размената на мислења, Фондацијата ќе ги вклучи различните перспективи и искуства во подготовката на финалната верзија на Програмата за култура.

    Скопје 2028 не е само културна програма за една година. Тоа е можност градот да создаде нови културни вредности и да остави трајно наследство за генерациите што доаѓаат. Затоа, нејзината содржина треба да произлезе од идеите, знаењето и енергијата на луѓето што го создаваат и живеат Скопје – од сите нас.

    Скопје 2028 е програма на сите нас. Да ја создадеме заедно културната иднина на Скопје!

    Прочитај повеќе

    Делови од четири скопски општини утре без струја: Проверете дали сте на списокот

    16.11.2026 во 11:34

    Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици

    16.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.