Close Menu
Press24
    Најново

    Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси

    16.11.2026 во 11:17

    Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици

    16.11.2026 во 11:15

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот на Сара: Скандалозна одлука на обвинителството – некој мора да одговара

    16.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси
    • Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот на Сара: Скандалозна одлука на обвинителството – некој мора да одговара
    • Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ
    • Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”
    • Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината
    • Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад
    • Цената на нафтата расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси

    Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси

    16.11.2026 во 11:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 1 декември 2026 година стапуваат во сила новите, повисоки максимални износи за локалните комунални такси при регистрација на возила во Србија, откако српската влада донесе одлука за нивно усогласување со растот на потрошувачките цени. Одлуката е објавена на 13 ноември во „Службен весник на Република Србија“ (број 112/2026) и се однесува на периодот од октомври 2025 до септември 2026 година.

    Кај патничките автомобили, горната граница на комуналната такса се зголемува од 30 до 340 динари, во зависност од работната зафатнина на моторот. Новите максимални износи по категории се:

    • До 1.150 кубни сантиметри: 860 динари (наместо досегашните 830 динари)
    • Од 1.150 до 1.300 кубни сантиметри: 1.740 динари (наместо 1.670 динари)
    • Од 1.300 до 1.600 кубни сантиметри: 2.620 динари (наместо 2.520 динари)
    • Од 1.600 до 2.000 кубни сантиметри: 3.510 динари (наместо 3.370 динари)
    • Од 2.000 до 3.000 кубни сантиметри: 5.290 динари (наместо 5.080 динари)
    • Над 3.000 кубни сантиметри: 8.750 динари (наместо 8.410 динари)

    Корекција на тарифите има и кај мотоциклите, каде зголемувањето на максимумот се движи од 30 до 100 динари. Сопствениците на мотоцикли до 125 кубика ќе плаќаат најмногу 710 динари (порано 680), за категоријата од 125 до 250 кубика максимумот е 1.040 динари (порано 1.000), додека за мотори од 250 до 500 кубика сумата достигнува 1.740 динари (порано 1.670). За мотоциклите од 500 до 1.200 кубика највисоката такса изнесува 2.130 динари (порано 2.050), а за оние над 1.200 кубика е 2.620 динари (порано 2.520). За скутерите регистрирани како мопеди важат посебни локални тарифи согласно законската категоризација.

    За товарните возила максималната такса зависи од носивоста и се зголемува за 100 до 340 динари: за камиони до два тона таа изнесува најмногу 2.630 динари, од два до пет тони 3.510 динари, од пет до 12 тони 6.130 динари, а за камиони над 12 тони максимумот е 8.750 динари. Кај автобусите и комбињата горната граница е 70 динари по регистрирано седиште, додека за тракторите се движи меѓу 2.620 и 7.030 динари во зависност од моќноста, при што земјоделската механизација е ослободена од овој надоместок.

    Зголемувањето на овие лимити не значи автоматско поскапување на регистрацијата за сите возачи. Согласно Законот за финансирање на локалната самоуправа, секој град и општина самостојно ја одредува висината на оваа такса до законски дозволениот максимум, поради што крајната цена на регистрацијата може да се разликува од една до друга општина.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ

    16.11.2026 во 11:08

    Учениците во Србија се враќаат на настава, а веќе се знае кога почнува и зимскиот распуст

    16.11.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.