Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Новата недела носи пресврти за три хороскопски знаци

    16.11.2026 во 09:03

    ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција

    16.11.2026 во 08:58

    Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“

    16.11.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Новата недела носи пресврти за три хороскопски знаци
    • ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција
    • Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“
    • Европската комисија повторно со забелешки за Македонија, Собранието отвора дебата
    • Здравствени контроли, фризерски услуги и прошетки за старите лица во Скопје
    • Мали борци кои се борат од првиот ден – До 700 бебиња годишно се раѓаат предвреме во Македонија
    • Мајката на претепаната Сара бара правда: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија”
    • Почнува продажбата на Алта банка – Што ќе се случува со парите на штедачите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“

    Тажна вест: Замина професорот кој ги создаде „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“

    16.11.2026 во 08:54Updated:16.11.2026 во 09:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почина проф. д-р Никола Петров, еден од најзначајните македонски педагози и научни работници, кој остави длабока трага во развојот на предучилишната педагогија и образованието во Македонија. Веста за неговата смрт е објавена на 15 ноември 2026 година.

    Петров важи за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а неговиот професионален и научен пат беше исполнет со бројни достигнувања и значаен придонес во образовниот систем.

    Специјалистичките студии ги завршил во Русија, а докторската дисертација ја одбранил во Белград. Во текот на својата академска кариера бил раководител на Институтот за педагогија и декан на Педагошкиот факултет во Скопје, давајќи значаен придонес во развојот и афирмацијата на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ.

    Неговото име е тесно поврзано и со македонското издаваштво за деца. Како долгогодишен соработник на „Просветно дело“ и главен уредник на педагошкото научно-стручно списание, Петров е основоположник на култното списание за најмладите „Росица“, како и на детските списанија „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“, со кои растеа и се воспитуваа бројни генерации.

    Со својата стручност и посветеност, тој активно придонесуваше за унапредување на педагошката наука, а неговите ставови и стручни анализи често беа присутни и во образовните емисии на Македонската радио-телевизија и другите медиуми.

    Проф. д-р Никола Петров уживаше голем углед и надвор од земјата, соработувајќи со истакнати професори и научни работници од регионот и пошироко. Бил визитинг-професор и член на уредувачки одбори на научни списанија.

    За својот животен опус и придонес во науката и образованието ги добил највисоките државни и општествени признанија, меѓу кои наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“.

    Со неговото заминување македонската педагошка наука и образованието губат значаен творец, професор и визионер. Ќе остане запаметен како посветен педагог, мудар ментор, ценет соработник и човек кој остави трајно наследство во образованието и детското творештво.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција

    16.11.2026 во 08:58

    Европската комисија повторно со забелешки за Македонија, Собранието отвора дебата

    16.11.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.