Вчера во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко, соопштија од МВР.
Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање.
По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Поставувале недозволени стапици и ловеле диви животни: Двајца мажи од Демир Капија завршија во полициска станица
- Манасиевски: СДСМ фатени во лага, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ туку прекршочна санкција
- Мицкоски: Состојбата со енергентите во Европа е алармантна, но правиме сè во Македонија да нема поскапувања
- Општина Центар го одбележа 13 Ноември со хуманитарниот фестивал „Симит и погача“: Собраните средства наменети за повредените во Кочани
- Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем
- Мицкоски: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве
- Јаневска во посета на Јапонија – Се договараат нови партнерства во образованието и науката
- Мицкоски при пуштањето во употреба на градинката „Лавче“ во Инџиково: Продолжуваме да испорачуваме проекти

