По пожарот во магацините на Бит Пазар, во истиот дел од Скопје повторно избувнал оган. Овојпат била зафатена патничка кола „Ауди“, сопственост на 25-годишен скопјанец.
Пожарот бил пријавен на 12 ноември, околу 01:50 часот. За среќа, реакцијата била брза, па сопственикот и соседите успеале да го изгаснат огнот пред да се прошири. Во инцидентот нема повредени лица.
Од МВР информираат дека бил извршен увид на местото на настанот.

