Дел од жителите на четири скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Во Општина Илинден, прекин на снабдувањето е најавен од 08:00 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците на потегот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“ во Илинден, каде што ќе се врши замена на пет столбови од електричната мрежа.
Во Кисела Вода, прекинот ќе трае од 08:30 до 16:30 часот и ќе ги опфати корисниците на улицата „Народни херои“ на броевите 19, 21 и 23, основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и објектите на улицата „Архитект Никола Добровиќ“ на броевите 1 и 2.
Жителите на селото Стајковци, во Општина Гази Баба, ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот. Причина за прекинот се интервенции на 10-киловолтниот далековод и замена на изолатори.
Во Општина Сопиште, пак, прекин на електричната енергија е предвиден од 09:00 до 12:00 часот за корисниците на улицата „22“.

