Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца

    12.11.2026 во 16:41

    Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа

    12.11.2026 во 16:25

    Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката

    12.11.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца
    • Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа
    • Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката
    • Полициска акција во Вашингтон по пукање во близина на Белата куќа, училиштата привремено затворени
    • Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години
    • Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година
    • Трактор купен со субвенции исчезнал, пчелари пријавувале стотици непостоечки семејства – инспекторите излегоа на терен
    • Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца

    Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца

    12.11.2026 во 16:412 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се соочи со протести и инциденти за време на денешната посета на бугарскиот град Варна. Колоната возила во која се наоѓаше таа, заедно со бугарскиот премиер Румен Радев, беше гаѓана со јајца, овошје и зеленчук од насобрани демонстранти кои го изразија своето противење на нејзиното доаѓање.

    Протестот беше организиран пред Военопоморската академија „Никола Јонков Вапцаров“ од приврзаници на бугарската националистичка партија „Преродба“ (Вазраждане). Учесниците извикуваа „Урсула, не си добредојдена!“ и „Варна сака мир, а не војна!“, носејќи транспаренти со пораки „НАТО надвор“, „Сакаме нашите деца да живеат во мир“ и „Работа, а не војна“, напишани и на англиски и германски јазик. Главниот револт кај граѓаните беше насочен кон политиката на ЕУ кон војната во Украина и стравот од вовлекување на Бугарија во конфликтот, а дел од присутните изразија незадоволство и од најавеното воведување на еврото.

    „Варна и цела Бугарија сакаат мир. Ова е мирен протест против посетата на Урсула фон дер Лајен, бидејќи таа стана амбасадор на војната“, изјавил еден од учесниците, пренесувајќи го ставот на демонстрантите преку бугарската национална телевизија БНТ.

    И покрај протестите, посетата на Фон дер Лајен беше посветена на поморската безбедност и трговските патишта во Црното Море. Во разговорите со премиерот Радев беше најавена европска финансиска поддршка од вкупно 60 милиони евра – од кои 50 милиони се наменети за заеднички центар за поморска безбедност меѓу Бугарија и Романија, а 10 милиони за зајакнување на бугарските капацитети за пребарување и спасување.

    Прочитај повеќе

    Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа

    12.11.2026 во 16:25

    Од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка преку Поштенска штедилница

    12.11.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.